дома Македонија Јакимовски: Од кога CДCM е на власт сонце не видовме

Јакимовски: Од кога CДCM е на власт сонце не видовме

Од како е СДСМ на власт сонце не видовме. Дури и времето се сврти наопаку.
На 2 Јуни падна снег на Шар Планина, оваа недела цела ќе биде врнежлива.
Пред два дена имаше силен пороен дожд во Скопје и некоја граѓанка од Карпош на својот Фејсбук профил напишала дека никаде нема вирови ниту пак запушени канализации во општината. Така е и после денешниве обилни врнежи и на тоа сум горд затоа што се тоа огромни инвестиции во атмосферска и фекална канализациона мрежа од општинскиот буџет.

Ова се таканаречени непопуларни инвестиции затоа што се под земја и граѓаните не ги гледаат . За 8 год во Општина Карпош изградивме 45 километри фекална, атмосферска и водоводна мрежа.

Едно наградно прашање за почитуваните читатели:
Колкава канализациона мрежа во изминативе 4 години изгради Стефан Богоев во Општина Карпош?
а) Во километри
б) Во метри
в) Во сантиметри
г) Во милиметри
Ако ви тешко прашањето побарајте помош од вашиот пријател. Одговорот под а, сигурно не е.
п.с. Доволно ви помогна, пишува на Фејсбук претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.