March 28, 2024, 10:54 pm

Јакимовски: Претходниот градоначалник го управувал Карпош со погpeшна стратегија, во моментов има 380 вработени кои годишно чинат 2 ипол милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Вообичаено во вакви ситуации со дрвја и камења да се фрла по својот претходник, јас тоа нема да го направам. Ситуацијата со општинската каса е сложена. Наредната година од прилика ќе биде стабилизациона година без можности за некои посебни инвестициони зафати. Значи година на стабилизација, година на штедење. Главната причина е што изминативе четири години и приходите во општината се драстично паднати. Можете да замислите од 11 ипол милиони евра паднале на 5 – 5 ипол милиони евра и тоа јасно укажува дека некои од прилика 15 – 16 милиони евра се изгубен приход во изминатиот временски период, а тоа значи дека се изгубени инвестиции за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, рече Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош во утринска емисија на Алфа телевизија.

Јакимовски додаде дека претходниот градоначалник имал погрешен начин и стратегија на водење на општината.

„Сега повторно се обидуваат некои структури да на исти начин да ја блокираат работата на општинската администрација. Значи Општината ја сочинуваат граѓаните, но ја сочинуваат и таа администрација која што служи на граѓаните. Ако ние останеме без приходи, ние не можеме да им служиме на граѓаните. Нормално за да функционира Општината, за да решаваме проблеми на граѓаните, см решиле многу останале малку, ама сме решавале и проблеми кои што не биле наши, еве училиштата да се реновираат сме дале 5 милиони евра, а не е наша обврска, тоа е на министерството за образование и наука и на Владата. Градинки сме реновирале, не е наша обврска. Да плаќаме струја, вода, парно греење на училишта исто така тука два милиони евра сме дале во изминатиов период, и тоа не се наши обврски. Ние само управуваме со овие установи, меѓутоа не можеме да дозволиме нашите најмлади жители да одат во субстандарни услови исто така не можеме да дозволиме да речеме да се исклучи греење или да се исклучи струја и така од општинската каса сме ги плаќале тие трошоци, а сето тоа одело на уштрп на решавање на други проблеми како што се улици, канализации итн.“, појасни Јакимовски.

Јакимовски посочи дека во моментов Општината е блокирана некаде за скоро два милиони евра, а во исто време има новосоздадени обврски во изминатиов временски период околу 3 милиони евра. А, платите на вработените се 2 ипол милиони евра годишно. И Општина Карпош има преку 380 вработени. Тоа е премногу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This