дома Политика ЈАКИМОВСКИ: СДСМ почна да бара причини да не излезе на избори на...

ЈАКИМОВСКИ: СДСМ почна да бара причини да не излезе на избори на 11 декември

Ние одамна сметавме дека парламентарни избори треба да има заедно со локалните на пролет, дури и порачавме на опозицијата дека нема бегање од локални избори, еден ден мора да се дојде, а тие се со закон утврдени, кажа Стевче Јакимовски при своето гостување во емисијата „Око“ на авторот и водител Горан Петревски.

Ние одамна сметавме дека парламентарни избори треба да има заедно со локалните на пролет, дури и порачавме на опозицијата дека нема бегање од локални избори, еден ден мора да се дојде, а тие се со закон утврдени, кажа Стевче Јакимовски .

– Не очекувам дека ќе има избори во декември затоа што СДСМ започна со вообичаените плачења во вакви ситуации. Очигледно дека опозицијата бара изговор за да ги ескивира и овие избори и Македонија да западне во нова агонија, рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ смета дека пржинскиот договор ќе биде неуспешен доколку и по трет пат се откажат парламентарните избори:

– Сметам дека пржинскиот договор беше желба на дел од меѓународната заедница во еден момент да ја стиши ситуацијата, сметајќи дека така само ќе ги продолжат проблемите и ќе се пронајде решение. Очигледно е дека пржинскиот договор е неуспешен ако и трет пат се одложат изборите, истакна Јакимовски при гостувањето во студиото на ТВ Нова.