дома Политика Јакимовски: Со врзаниот потпис за пописот ја правиме државата бинационална

Јакимовски: Со врзаниот потпис за пописот ја правиме државата бинационална

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во своето гостување во ТВ Аланализа на ТВ24 зборуваше за пописот и проблемите кои ќе произлезат од законската регулатива која пред неколку дена беше изгласана од власта.

„Сметам дека не сме ја откриле Амрика штом сите констатираме дека нам ни е потребен попис после 19 години. Ама ако некој сака да не убеди дека тупанот тапнал, точно дека треба да биде сега во април. Што е проблем да го одложиме два месеци кога ќе биде потопло?“, прашува Јакимовски.

Сето тоа е ќе биде побезбедно и за попишувачите, и за самите граѓани кои ќе бидат попишани, појасни тој.

Јакимовски додаде дека е загрижувачко решението на власта кое беше преточено и во законот, пописот да биде важечки само доколку го потпишат и .
Овој врзан потпис, како што изјави Јакимовски, ја прави државата бинационална о ќе отвори дополнителни рашања и проблеми.

„Втората работа која за мене е многу битна е она што го кажа господинот Трајанов, врзаниот потпис, како ние како ние полека одиме со врзаниот потпис, буквално ја правиме бинационална државата и полека ќе дојдеме до врзан потпис и до претседателот на државата. Значичи ние практично чекор по чекор, се правиме со врзан потпис и врзаниот потпис јасно става до знаење дека во игра е сериозна игра во политиката и доколку една етничка заедница не е задоволна од потписот тоа значи дека вториот попишувач нема да го потпише резултатите од пописот“, рече Јакимовски.

Јакимовски додаде дека нелогично е и одвивањето на власта да се врши идентификација си отпечатоци на прстите, кои секако ќе бидат набавени за изборите во октомври.

„Вака како што се тера насила мислам дека повеќе се сака да се покажат мускули отколку што се сака да се има добри релеавнтни и од сите страни признати резултати“, нагласи Јакимовски додаваќи дека од ваквиот попис најмногу штета ќе има македонскиот народ.