Јакимовски јавно го пpoзва Црвенковски: Бранко дали си на ист став со Заев?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот н ГРОМ, Стевчо Јакимовски, упати прашање до поранешниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, дали се согласува со ставовите кои премиерот Заев ги истакна на денешното интервју.

Несомнено поранешниот претседател Бранко Црвенковски е одличен оратор. Поготово е специјалист за говори на митинзи. Се сеќавам на еден митинг кога Црвенковски во занос на напад кон ВМРО ДПМНЕ рече: “За нив сонцето изгрева и заоѓа на исток”. Демек вмровците биле бугараши. Во ова тешко време не можеме да слушнеме ни збор од поранешниот претседател на СДСМ, премиер и претседател на Република Македонија, да каже дали сеуште мисли дека за ВМРО ДПМНЕ сонцето изгрева и заоѓа на исток или пак сега тоа важи за некој друг. Редно е најскапиот пензионер да го каже својот став по ова прашање. Да видиме дали тогаш не манипулирал за да се восхитуваме на неговите говори по принципот: “Ваууу, кај му текна еј” или пак сега и тој мутирал? Песната во неговата претседателска кампања во 2004та година го опеваше како државник и истата велеше дека државник не се прави за ден.Ние денес на дело и во живо 24 часа на сцена имаме државник кој е направен за ден. Редно е Бранко Црвенковски да се изјасни за да конечно ни стане јасно дали бил државник или како што Стојан Андов викаше “држалник”. Овој народ на поранешниот претседател му обезбедил кабинет, возач со обезбедување, три члена стручна служба и пензија во висина на платата што ја имал, доживотно за да и натаму служи на државата и народот. Ако е државник да го слушнеме неговото мислење за т`зи в`прос или пак човекот си има притешненије за да не смее да зборува. Искрено ќе ми биде жал ако не остане како во песната државник, а ако веќе ужива во функцијата “најскапиот пензионер” можеби треба да им се приклучи на колегите во Жена Парк со некоја партија шах или табла.

Несомнено поранешниот претседател Бранко Црвенковски е одличен оратор. Поготово е специјалист за говори на митинзи. Се…

Posted by Stevco Jakimovski on Wednesday, November 25, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This