дома Македонија Бугарите плaчaт: Евpoпските пapтнepи нa Бугapија зазeмaaт стpaна, бeз apгументиpaни ocнови

Бугарите плaчaт: Евpoпските пapтнepи нa Бугapија зазeмaaт стpaна, бeз apгументиpaни ocнови

Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев денеска на средба во Софија со словенечкиот амбасадор во Бугарија Анжеј Франгеш, ја потврдил бугарската принципиелна поддршка за европската перспектива на Македонија и Албанија, посочувајќи ја неопходноста од поефикасен дијалог и реална волја за решавање на прашањата меѓу Македонија и Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, акцентот бил ставен врз барањето да бидат исполнети ангажманите во билатералниот договор.

Како што соопшти бугарската владина прес-служба, било истакнато и дека европските партнери на Бугарија заземаат страна, толерирајќи ја Македонија и обвинувајќи ја Бугарија, како што е посочено, без реални аргументирани основи.

Јанев и Франгеш исто така го разговарале за почетокот на словенечкото претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде надежна и сигурна Унија, способна да обезбеди стабилност во нејзиното соседство.

Во тој контекст била истакната клучната улога на трансатлантската соработка и перспективите за развој на државите од Западен Балкан.