дома Македонија ЈАНКУЛОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО: Екс-министерката имала ризична бременост и не може...

ЈАНКУЛОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО: Екс-министерката имала ризична бременост и не може да присуствува на судењата

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска има ризична бременост и денеска не дојде на судењето за случајот „Тенк“ односно за набавката на луксузниот мерцедес, објави „24 Вести“.

Одбраната на Јанкуловска отстуството го оправда со лекарска потврда за ризична бременост.

По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено.