дома Македонија Јанкуловска тврди дека не знaeла дека ќе се yништyва опpeмата за пpиcлyшyвaњe

Јанкуловска тврди дека не знaeла дека ќе се yништyва опpeмата за пpиcлyшyвaњe

Поранешната министерка Гордана Јанкуловска тврди дека не знаела дека ќе се уништува опремата со која е извршена масовна злоупотреба со нелегално прислушување иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисија во УБК.

„Дознав кога СЈО го отвори случајот „Тврдина“, а од документацијата која ја потпишав не може да се утврди дека ќе се уништува опремата за следење на комуникации“, рече Јанкуловска која пред судот каде даваше исказ како обвинета.

За време на исказот, поранешната министерка рече дека никој не и посочил дека со барањето за УБК за комисија има проблеми и таа го потпишала.

„Проблемите ги дознав од сведок во иваа судница“, истакна таа и посочи дека УБК била високо самостојна организација во составот на МВР.

Иако и биле доставени документите за уништување Јанкулоска тврди дека не ги видела и анализирала бидејќи тоа се случувало во време на настаните во Диво Насеље и нејзиното разрешување односно дадената оставка по кумановските настани. Искази даваат и други обвинети во случајот тврдина таргет, а исказ треба да даде и Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК.