дома Македонија ЈАНУШЕВ: ВМРО-ДПМНЕ можно е да ги бојкотира претседателските избори

ЈАНУШЕВ: ВМРО-ДПМНЕ можно е да ги бојкотира претседателските избори

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, за Алсат изјави дека опозицијата може да ги бојкотира претстојните претседателски избори во мај доколку Собранието не изгласа предвремени парламентарни избори.

Јанушев изјави дека има неколку причини зошто опозицијата повикува на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Меѓу причините, Јанушев ги наведе уставните промени што ги смета за насилни и несоодветни, економските неуспеси и недостатокот на реформи.