дома Македонија ЈАНУШЕВ ВО „УТРИНСКИ БРИФИНГ“: Сите кои што се во владата и во...

ЈАНУШЕВ ВО „УТРИНСКИ БРИФИНГ“: Сите кои што се во владата и во државната јавна администрација, без разлика на која функција и позиција се наоѓаат, треба дословно да ги спроведуваат законите

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес во „Утрински брифинг“ посочи дека целта на сите кои што се во владата и сите кои што се дел од државната јавна администрација, без разлика на која функција и позиција се наоѓаат, треба дословно да ги спроведуваат законите.

-Дали тоа ќе биде само во сегментот во спроведување на фер и демократски избори или ќе биде буквално во секој сегмент согласно овластувањата, правата и должностите кои што ги имаат избраните функционери тоа секако треба народот да го цени. Меѓутоа она што е битно е дека овие пет луѓе кои што влегоа во техничката влада на предлог на опозицијата односно на ВМРО-ДПМНЕ треба дословно да се држат до она што, нели, им е дадено како работни задачи согласно Устав и закон да го спроведат во нивниот мандат од речиси 100 дена, нагласи Јанушев.

Јанушев додаде дека министри пред се одговараат пред законите, меѓутоа нивен формален претпоставен е секако претседателот на Владата.