дома Македонија ЈАНУШЕВ: Доста беше црнила, ајде на избори народот сам нека одлучи кому...

ЈАНУШЕВ: Доста беше црнила, ајде на избори народот сам нека одлучи кому му верува

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил уште еднаш го потенцираше барањето на опозицијата за предвремени избори. Тој вели дека лошите резултати на полето на економијата, порастот на kopупцијата и стандардот на граѓаните кој опаѓа се доволни причини за предвремени парламентарни избори.

-Државата ни е на дното на Европа и Светот според индексот на kopупција. За прв пат имаме долг кој надмина 5 милијарди евра во време кога платите на вицепремиерите растат, а пензиите се намалуваат.  Доста е од црнила! Ајде на избори па народот сам нека каже колку ви верува.