дома Актуелно ЈАНША СО ЛАДЕН ТУШ ЗА СДСМ: Мицкоски ме извести за cepиозната ситуација...

ЈАНША СО ЛАДЕН ТУШ ЗА СДСМ: Мицкоски ме извести за cepиозната ситуација во Македонија, веднаш пomогнавме

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги демантираше лажните вести кој се раширија на повеќе провладини портали во однос на донацијата од Словенија за министерството за внатрешни работи. Тој на својот Твитер профил потенцираше дека по разговорот со Христијан Мицкоски кој го известил за лошата состојба во Македонија поради коронавирусот се одлучил да најде начин како да и помогне на како што вели пријателската држава.

-Веднаш по разговорот со Христијан Мицкоски во кој ме извести за сериозната ситуација во Македонија во врска со коронавирусот, го поврзавме министерството за одбрана на Словенија со министерството за внатрешни работи на Македонија за да испратиме помош на пријателската држава. Истовремено јас лично им се јавив на неколку лидери од ЕУ, да ги потсетам да не заборават на државите од Западниот Балкан, пишува словенечкиот премиер, Јанез Јанша на Твитер.