Јапонија повторно ќе прогласи вонредна состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонската влада ќе ја разгледа можноста за прогласување на повторна вонредна состојба поради коронавирус, изјави денеска министерот за одговор на Ковид-19 Јасутоши Нишимура, по барањето на гувернерот на Токио и трите соседни префектури каде што обновеното зголемување на инфекциите го „затегна“ здравствениот систем. 

„Се согласивме дека сме во тешка ситуација што нè принудува да размислиме за прогласување вонредна состојба”, изјави Нишимура пред новинарите по состанокот, додавајќи дека “ќе ги слушнеме мислењата на експертите” пред да донесеме одлука за ова прашање.


Премиерот Јошихиде Суга не присуствуваше на состанокот. Службениците на Министерството за здравство го информирале во Владата за барањето на гувернерот, како и за моменталната состојба на инфекцијата, пренесува Кјодо.

Централната влада прогласи вонредна состојба во април минатата година, опфаќајќи некои од 47 префектури на земјата, вклучувајќи ги Токио и Осака, пред да ја прошири низ целата земја. Вонредната состојба беше целосно укината на крајот на мај, пренесува Танјуг.

За време на состанокот, Нишимура побара од четворица гувернери да ги повикаат рестораните да престанат да служат алкохол по 19 часот и да ги затвораат баровите во 20 часот, велејќи дека централната влада планира да ја прошири таксата за соработка со ресторани.


Гувернерите ги прифатија барањата на Нишимура.

Токио пријави уште 814 случаи на коронавирус денес, продолжувајќи да бележи рапидно зголемување, со вкупно 61.774 случаи.


Локалните власти низ целата земја објавија повеќе од 3.000 нови случаи на ист ден.

Главниот град во четвртокот забележа рекордни нови 1.337 инфекции, повеќе од 1.000 за прв пат од почетокот на пандемијата. Три други префектури исто така неодамна забележаа рекорден број дневни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This