Јапонскиот амбасадор Савада во посета на Ростуше, предадена донација возило за koмунален отпад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јапонскиот амбасадор Хиронори Савада денеска во Ростуше, седиште на општина Маврово и Ростуше, присуствуваше на примопредвањето на донација возило за комунален отпад за општината.
-Неговата екселенција, Савада, присуствуваше на церемонијата по повод успешно завршениот проект од Програмата за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, односно ГГП, во нашата општина, чија цел е да ја подобри животната средина во општината. Станува збор за донација на возило за комунален отпад во вкупна вредност од 67.807 евра, информираа од општина Маврово и Ростуше.

Амбасадорот Савада остварил и средба со градоначалникот Медат Куртовски, на која присуствувала и Дијана Давидовски, директорка на Јавното комунално претпријатие.
– За време на кусата средба на градоначалникот Куртовски и амбасадорот Савада стана збор за унапредување на и така добрата соработка на амбасадата и нашата општина. Градоначалникот Куртовски од име на жителите искажа голема благодарност за оваа како и претходните јапонски донации, наведуваат од општината.
Програмата за мали грантови ГГП, има долга историја во Македонија. Од 1996 година Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи, обезбедила 31 возило за одржување и 49 возила за комунален отпад за општини во земјава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This