дома Занимливости ЈА ДОЧЕКА НАЈГОЛЕМАТА СРЕЌА: Сузана Спасовска ја мажи ќерката

ЈА ДОЧЕКА НАЈГОЛЕМАТА СРЕЌА: Сузана Спасовска ја мажи ќерката

Секој родител посакува да го дочека денот кога своето чедо ќе го омажи или ожени, а тоа време дојде и за фолк-пејачката Сузана Спасовска.

Таа на својот профил на Фејсбук на своите пријатели и следбеници им отkpи дека нејзината Теона решила да заплови во брачните води, па им посака на сите родители да си ја дочекаат истата среќа.

Е, да! Полека,полека си се спpeмаме за свадба.Има уште време.Верувам дека на сите родители еден од поголемите проекти во животот им е да си ги омажат и оженат своите чеда. Им честитам на сите со најновата песна што ја отпеав на Лешочкиот Фолк Фест 2019г.„Среќно мајкина“, пишува Сузе.

Токму мажачката на Теона ја инспирираше Спасоваска на неодамна одржаниот „Лешочки фолк фест 2019“ да ја отпее песната со наслов „Среќно мајкина“, а наедно да се зафати и со организацијата како директор на фестивалот.

Вистина.мк