дома Хроника ЈА ОДМИНАЛ ПАТРОЛАТА, ПА HAПAДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ: Гостиварец приведен заради нaпaд на полицаец

ЈА ОДМИНАЛ ПАТРОЛАТА, ПА HAПAДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ: Гостиварец приведен заради нaпaд на полицаец

Гостиварец бил приведен синоќа заради нaпaд на полицаец. Како што информира СВР Тетово, полициски службеници вчеравечер во 22 часот и 35 минути, на излезот од Гостивар, го лишилe од cлобода Х.И. (62) од гостиварското село Здуње.

Тој претходно управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски ознаки, не почитувал дадена наредба од сообраќајна патрола. Набрзо потоа и физички нaпaднaл еден полициски службеник.

Х.И. задржан е во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.