дома Хроника Ја победил kopоната, но не и пожaрот: И доктор меѓу зaгинaтите во...

Ја победил kopоната, но не и пожaрот: И доктор меѓу зaгинaтите во синоќашниот пожap

Денеска иако беше објавено дека ниту едно лице од медицинскиот персонал во тетовската модуларна болница не се наоѓа меѓу жртвите кои вчера го загубија животот во големиот пожар, сепак медиумите на албански јазик во земјава го објавуваат спротивното.

Имено тие дознаваат дека вчера во трагедијата животот го изгубил и Ферди Саќири, пренесува „Тетова експрес

Веста за неговата смрт ја објавија и неговите блиски пријатели кои со тажни зборови се потсетија на докторот кој трагично го загуби животот во синоќешниот пожар.

Имено според пишувањата на медиумот тој неодамна го прележал и коронавирусот, но не успеа да се спаси од огнените јазици вчера.