Ја префрлија винaтa на лeкарот: ЦУК изјава за одговорноста за пoчинaтиот Божиновски, велат направени се пpoпусти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дисциплинска комисија ќе ја утврдува одговорноста врз основа на конечниот извештај на Комисија за утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес формирана на 5 април, за работењето на РЦУК Кратово, РЦУК Куманово и Дежурниот оперативен центар, ДОЦ на ЦУК, а во врска со настанот за спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување од високопланинското село Емирица.

Ова го најави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција и нагласи дека на крај одговорноста ќе ја утврди Јавното обвинителство.

Ангелов на прес-конференција повтори дека се направени во овој случај мали пропусти, но, нагласи, дека проблемот е мултиинституционален. Информира дека минатата недела побарал од Министерството за здравство информација дали и колку се почитувани медицинските протоколи, а истото било побарано и од МВР, од Министерството за локална самоуправа.

Во ниту еден момент ЦУК не се прогласил за ненадлежен. Од страна на ЦУК се преземени низа дејствија и контактирани се бeзмалку сите субјекти на системот за управување со криза, изјави дирекеторот на ЦУК и изрази надеж дека инволвираниот доктор во овој случај ќе има доблест, како што рече, да каже дека погрешил за неговиот директен напад кон ЦУК.

На прес конференцијата се обрати и д-р Стефко Стефковски, раководител на секорот на аналитика во ЦУК и доктор по кризен менаџмент, кој ја водел комисијата која ја испитуваше овој случај:

-Веднаш по информацијата за настанот директот донесе решение за формирање на комисија чија задача беше утврдување на правилноста во примената на мапите на работен процес. Од 6 до 12 овој месец комисијата изготви информација која пред два дена беше доставена до директорот. Комисијата се водеше по следната методологија: анализа на мапите на работен процес, анализа на писмените добиени информации и разговорите со вработените на трите нивоа. Опис на настанот, детална анализа со констактирана, пропусти во мапите на работен процес и дадовме сеопфатни предлози за акции за надминување на слабостите и пропустите. Пропуст се самите мапи на работен процес кои се со постар датум, од 2015 и постои неажурираност. Недостатоци на непропишување на податоците, евиденција на разговорите, како и технички недостатоци, снимање на разговори и пренесување на информациите до јавноста. Вработените кои што биле на работните места и ги извршувале работните задачи не превземале одредени известувања. Пропуст на локално ниво е што не е известено подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кратово, нема известување односно побарување на дополнителни ресурси како што е армијата, рече тој.

Вработените кои биле на работните места во контекст на настанот не преземале одредени известувања кон субјектите на системот за управување со кризи на локално и на национално ниво. Првиот пропуст што е идентификуван на локално ниво е дека не е известено подрачното одделение на ДЗС во Кратово, иако колегите тоа го направиле врз основа на проценка на ситуацијата. Знаејќи дека основното средство што се бара е теренско возило и имале информација дека подрачното одделение не располага со теренско возило и водејќи се од тој факт не направиле службено известување и не побарале асистенција од подрачното одделение на ДЗС во Кратово. Следното ниво е нема побарување на дополнителни ресурси од другите субјекти во системот за управување со кризи, како што е Армијата бидејќи оперативната процена од терен, немало побарување за таков ресурс и соодветно на тоа, по направената оперативна процена не е извршено побарување ресурси од другите субјекти, појасни Стефковски.

Свое видување за настанот даде и Тони Ивановски советник и раководител на ЦУК Кратово.

-Кога оперативецот ме извести дека екипа отишла да интервенира во село Емирица, најоддалечено село во општината, јас телефонски се јавив на институциите да помогнат со теренско возило, да помогнат за да го донесат пациентот. Никој а ни јас, нема кажано дека не сме надлежни. Ако е така зошто би вртеледа бараме теренско возило. Подоцна сум известен дека на докторот му е нудено теренско возило од матичната институција, од Брзата помош да му помогне, но тој има одбиено. Јас во два-три наврати се јавив на доктрот да ми каже каква е фактичката состојба, а тој ми рече дека се подготвуваат да го носат на носилки пациентот. Ми рече колку луге биле толку, а биле внукот на човекот, неговиот кумашин и медицинскиот персонал и ќе го донесат на носилки до нивното возило, за да го транспортираат до болница. Ми рече треба пациентот да се згрижи болнички. Гледал дека не е проблем со пациентот со измрзнување, туку треба да се провери во медицинска установа и да се згрижи болнички. Хеликоптер во никој случај не беше побарано. Тој хеликоптер незнам од каде во статутот го напиша, а социјалните мрежи го проширија. Никаков хеликоптер не беше побаран во разговор лично со докторот. Хеликоптер писмено треба градоначалникот да побара до МВР и до дирекција за заштита и спасување за да тие интервенираат, рече тој.

Дополни дека има и мали недостатоци во комуникацијата со локалната самоуправа.

Ивановски посочи дека веднаш почнал телефонски да ги контактира институциите за да помогнат со теренско возило и на екипата за пациентот да се донесе во болнички услови.

„Никој во ЦУК нема кажано дека не сме надлежни, ако било тоа така немаше да вртам и да барам теренско возило. Известен сум дека на докторот му е понудено теренско возило од Брзата помош, но тој го има одбиено. Хеликоптер во никој случај не беше побарано, незнам од каде после како медиумите, социјалните мрежи го пропираа, од негова страна беше побарано смао теренско возило“, изјави Ивановски.

Љупчо Крстевски, самостоен референт во републичкиот центар за управување во Кратово, оперативецот кај кого прво доаѓа информацијата дека на лице му е потребна итна медицинска помош во случајот кај село Емирица и Тони Ивановски советник и вд раководител во ЦУК во Кратово, на денешната прес-конференција тврдеа дека никој од нив не се прогласил за ненадлежен и оти ниту еднаш не бил побаран хеликоптер, туку само теренско возило.

„Хеликоптер во ниту момент не беше побарано, ниту од директорот на Здравствениот дом, ниту од докторот на лице место присутен со пациентот, тоа така си остана“, појаснуваше меѓу другото Крстевски.

Настанот, спасување на настраданиот од мозочен удар и премрзнување се случи на 31 март (среда) во Општина Кратово од високопланинското село Емирица, за што беше објавено на социјалните медиуми во неделата (4 април), а предизвика голем интерес во јавноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This