дома Хроника ЈА СОГОЛЕЛ ШУМАТА: Кочанчанец заработи кривична за сеча на 148 дабови дрва

ЈА СОГОЛЕЛ ШУМАТА: Кочанчанец заработи кривична за сеча на 148 дабови дрва

Дваесетгодишен жител од кочанското село Пантелеј заработи кривична пријава за бесправна сеча на 148 дабови стебла.

Како што информираат од МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против Д.З. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.

-Во текот на ноември 2012 година во селото Пантелеј-кочанско од шума во сопственост на манастирот „Свети Пантелејмон”, пријавениот, извршил бесправна сеча на 148 дабови стебла, наведуваат од МВР.