дома Занимливости Јелена Карлеуша 3aплака во шоуто во живо, па побара реклами: Coлзите се...

Јелена Карлеуша 3aплака во шоуто во живо, па побара реклами: Coлзите се во ред, вие сте бopeц, вие сте лавица

Популарната пејачка Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата „Шок ток“. За време на нејзиното гостување, Јелена ја отвори душата, па во еден момент заплака и побара реклами.

Во емисијата се отвори и темата за Евровизија и дали Јелена ќе настапува некогаш за Србија и како што нагласи водителот таа би била „најверодостојниот претставник досега“.

Јелена нагласи и дека има два пасоши и како Словенка по мајка и може да ја претставува Словенија, ако Србија не ја одбере како свој претставник.

Пејачката разговараше со водителот Огњен Несторовиќ за тешките моменти што ги поминала.

– Публиката е заинтересирана што од сето ова е вистина. Кој е моменталниот статус на вашиот брак? Дали тоа влијаеше на вашето семејство, пред сè, на децата… – праша домаќинот, а потоа Карлеуша покажа емоции и пушти солза.

– Солзите се во ред, вие сте борец, вие сте лавица… – ја охрабри водителката.

– Гори мојот оган. Дали имате реклами? – праша Карлеуша.