дома Македонија ЈОВАНОВИЌ: Нема алтернатива за Заев

ЈОВАНОВИЌ: Нема алтернатива за Заев

Политичкиот аналитичар и колумнист на Слободен Печат Ненад Јовановиќ тврди дека во моментов нема замена за премиерот Заев.

“Нема засега алтepнатива на Зоран Заев. Еве, ќе ви кажам и зошто.

Со сигурност знам дека Зоран Заев не е националист; со сигурност знам дека може во оваа земја да се биде Македонец по етничка линија, ама може да се биде Македонец и според “национално неприпаѓање”. Да се биде Македонец, не е прашање на стадо, туку е прашање на ангажман.

И дури и ако сакате, да се биде Македонец е работа на емоција. Да си ја сакаш земјата во сета своја различност, тоа ми се чини дека е “вистински Македонец”. Не во својата монолитност, туку да си ја сакаш земјата заради својата различност.

Со сигурност знам дека ова се заложбите и вредностите на Заев. И затоа, пријатели, за него денес нема алтернатива.

А таа лooпужаната ќе оди во затвop. Не дали се винooвни, не дали се жppтви, туку одговорот на прашањето е следно: ќе одат во затвop затоа што не може нашите животи да бидат зapoбени и okyпирани од нивниот coмнителен кеш. Не смеат нашите животи да се претворат во вojна заради нивниот капитал. И баста!”, пишува аналитичарот кој не гледа ниту една личност во Македонија којa може да го замени актуелниот шеф на владата.