дома Македонија Јовановски до cyдијката: Cyдите под табла Република Македонија, пазете ќе одговарате

Јовановски до cyдијката: Cyдите под табла Република Македонија, пазете ќе одговарате

До овој суд испратив оставка како претседател на „Меѓународен сојуз“ бидејќи од притвор таа функција не можам да ја извршувам. Се согласувам „Меѓународниот сојуз“ да го застапува претставник одреден од судот, истакна Бојан Јовановски на денешното прво рочиште во случајот „Рекет 2“. Според него, ова е неправна држава и тој не верува во овој суд.

Тој дури и се закани на судијката Софче Гавриловска Еферемовска дека ќе одговара.

Вие судите под таблата Република Македонија, а ова е Северна. Пазете може да одговарате, ѝ се обрати Боки.