Јовановски: Македонија ќе мора еден ден да се оддолжи за премрежјата на Јане Ченто

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Јас не знам кога Јане Ченто ќе излезе од затвор, но знам дека еден ден, еден убав сончев ден, секако ќе се случи тоа! Во тоа сум сигурен! Ќе излезе, како што ќе излезат и другите неправедно осудени патриоти, кои застанаа на браникот на Македонија, во време кога Таа, татковината, молеше и стенкаше за помош. Не е тешко да се претпостави дека тогаш, Јане Ченто, ќе биде претседател на Македонското народно собрание. Ова го велам не само затоа што, Тој човек има личен интегритет, грамада од интелект, правник, патриот… (ова е мое лично чувство од кратките, молскавични видувања преку решетките во затворот) – коментира актерот Владо Јовановски по обраќањето на Јане Ченто, кој е осуден за настаните во републичкото Собрание, на 27 април.

Актерот, кој беше еден од обвинетите за „27 април“ вели дека Македонија ќе мора еден ден да се оддолжи за премрежјата на Јане Ченто, но и за премрежјата на неговиот дедо Методија Aндонов Ченто.

-А пак ние, демек ‘слободните’, зошто не гледаме дека затворот е од двете страни на решетките?
Како и да е, досега 3 (ТРИ ) години одлежаа Браќата, за дело кое не го сториле…
Нејсе…
Македонија ќе мора еден ден да се одолжи за премрежјата на неговиот дедо МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО и за премрежјата на Јане…
Брате Ченто, знам дека кога ќе дојде тој ден, нема да бидеш осветољубив, како што беа и се’ осветољубиви душманите на Македонија!
Луѓе, лошата карма, може да се поправи во сегашноста…
Ослободете ги тие невини души, за ваше и за наше добро.
Да живее Република Македонија!

Јас не знам кога Јане Ченто ќе излезе од затвор, но знам дека еден ден, еден убав сончев ден, секако ќе се случи тоа!…

Posted by Vlado Jovanovski on Saturday, December 12, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This