дома Македонија ЈОВАНОВСКИ: Пoбeдaта има ново име – Игор Дурловски!

ЈОВАНОВСКИ: Пoбeдaта има ново име – Игор Дурловски!

Актерот Владо Јовановски со восхит го коментира статусот на Фејсбук на оперскиот пејач Игор Дурловски: „Моја ретроспектива на 2019-та. Го победив ‘системот’ кога изгледаше дека е најсилен. Новата нека биде подобра за сите“.

„Победата има ново име – Igor Durlovski!

Дурло Брате, поздрави ја Викторија!

Поздрави ја победата!

Поздрави ја, од Пирејот.

Од мене, од нас и од целиот македонски народ.

Поздрави ја од згазените…!

Поздрави ја…!

Само Ти Брате можеш да и се обратиш.

А инаку, пиреј или ТРОСКОТ, различни имиња се’, за иста билка,

Но, како да зборуваме за дијалекти, кога јазикот

македонски, не ни го признаваат…

Слава му на Бога, што имаме светилници во мракот…!

Прости ми…(да не е за Твоја гордост),

Ти, не л’скаш,

Не бл’скаш,

Ти Човеку,

Светиш во темнината!

Да си ни жив и здрав!

Да живее Македонија!

СРЕЌНО НОВО 2020 то. ЛЕТО ГОСПОДОВО!

п.с.

За ТРОСКОТОТ, само можам да кажам,

Болката е привремена,

Победата е вечна!“, напиша на Фејсбук „соборецот“ на Дурловски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.