дома Македонија Јовески за автобуската трагедија: Осум лица сослушани, а уште многу лица ќе...

Јовески за автобуската трагедија: Осум лица сослушани, а уште многу лица ќе бидат повикани

Осум лица се сослушани, објави републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој посочи дека во идните денови на распит ќе бидат повикани уште многу лица.

За да не се наруши истрагата, тој не посочи кои лица ќе бидат тие. Еден од сослушаните е сопственикот на „Беса транс“.

„Осум записници од распит на сведоци се дадени на бугарските обвинители, со што би можело да се помогне во истрагата и расчистување на случајот. Во следните денови ќе распитуваме уште многу лица, записниците ќе бидат доставени исто така до бугарските колеги“, рече Јовески.