дома Македонија Јовче Пандев: Честа да се испее ваква песна е огромна, се надевам...

Јовче Пандев: Честа да се испее ваква песна е огромна, се надевам дека ќе прерасне во евергрин

Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА промовираше песна насловена како „Стих за љубов“, која наиде на позитивни реакции.

Да се испее една ваква песна која има обединувачка цел и претставува химна на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, според еден од изведувачите, талентираниот Јовче Шиле Пандев, чувството е прекрасно, а честа- огромна.

-Убаво е чувството да се испее песна за Македонија- еден чист, искрен, патриотски текст, прекрасна музика, аранжман… Има многу емоции и во структурата на самиот текст и во интерпретацијата од моја страна и од страна на Марта, апсолутно емоции има на сите страни, истакна Пандев.

Песната, вели Пандев, наиде на позитивни критики.

-Се надевам дека ќе прерасне во евергрин и ќе се пее години и години. Нема никаква причина работите да се политизираат, ова е чиста патриотска песна која се надевам дека ќе ја запее секој Македонец.

Инаку, покрај Јовче Шиле Пандев песната Стих за љубовта ја пее и Марта Костурска.
Музика е на Пол Сајмон, текстот го напиша Александар Русјаков, продуцент е Драган Гиновски- Гино, а аранжман и пратечки вокали- Андријана Јаневска.