дома Локално Јорданов: Штипјани можат да даваат предлози, проекти и идеи, кои ќе ги...

Јорданов: Штипјани можат да даваат предлози, проекти и идеи, кои ќе ги инкорпорираме во нашите програми и буџет за 2022 година

Од денес до 5 Декември, граѓаните на Општина Штип можат да даваат предлози, проекти и идеи, кои ќе ги инкорпорираме во нашите програми и буџет за 2022 година.

Апелирам, сите кои сакаат да учествуваат во креирањето на локалните политики, да ја отворат веб страницата www.novaidninazastip.mk, каде може да даваат предлози и да гласаат за најинтересните, при што прворангираните десет ќе влезат во нашиот план за 2022 година.

Современата технологија ќе ја користиме за максимална вклученост на граѓаните во процесите на одлучување, пишува во својата објава на Фејсбук градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.