Јоца Амстердам на cнимкa: Дали Ѓукановиќ е вмeшaн вo aтeнтaтoт на нoвинapoт Пуканиќ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во новиот број на хрватскиот „Национал“ пишува дека има снимка од телефонски разговор во кој Сретен Јоциќ или попознат како Јоца Амстердам наводно открива дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ бил вмешан во убиството на Иво Пуканиќ.

Снимениот разговор, пишува „Национал“, бил воден во сосема поинаков контекст, а во него Јоца Амстердам наводно изјавува дека можел да биде слободен човек доколку во оваа приказна зборувал за улогата на црногорскиот претседател и објаснил зошто досега не го издал Ѓукановиќ.

Снимката најпрво стигнала до полицијата во Босна и Херцеговина, а потоа и во Хрватска, така што лицето кое го снимало разговорот го пријавило Јоциќ поради заканите.

– Непознати нарачатели на убиството

Пред неколку дена поминаа 12 години од смртта на Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ. Тие беа убиени на 23 октомври 2008 година во Загреб, кога експлодирал мотор, оставен покрај нивниот автомобил.

Сторителите биле пронајдени, уапсени и осудени, а нарачателите на убиството сè уште не се познати.

Во 2014 година Јоца Амстердам на суд ја негираше вината за убиството на сопственикот на Национал, велејќи дека против него се води „кафкаски процес“. Судот го ослободи Јоциќ, а виновен бил директниот извршител на убиството, Жељко Миловановиќ, како и Миленко Кузмановиќ, кој е обвинет за помагање во убиството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This