дома Македонија ЈОЦИ ДО ЗАЕВ ЗА ,,ТРТЛАЊЕТО” НА ГЕОРГИЕВСКИ: Само ти дружи се...

ЈОЦИ ДО ЗАЕВ ЗА ,,ТРТЛАЊЕТО” НА ГЕОРГИЕВСКИ: Само ти дружи се со него

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци преку својот профил на Фејсбук му се обрати на премиерот Зоран Заев за „дружбата“ со експремиерот Љупчо Георгиевски, кој изјави дека „Гоце Делчев бил директор и учител во бугарското училиште во Штип“.

„Се јави Љубче. Ќе се јавува, секако, кога ниедна Влада не го истражи како стана милионер – ни Бранко, ни Бучко, ни Грујо. Сè е тоа иста шема. А, па, ни народов не побара некој да му ги растресе сметките.

Туку, во изјавата на Љубчево има еден проблем – во тој историски контекст, кога територијата Македонија беше под okупација, не беше држава, а со тоа и не постоеше ,,училиште во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, како што самиот тртља.

Но, ете, во 2019, има луѓе уште го сфаќаат ceриозно типов, на пример Зоки.

Ако Зоки, само дружи се ти со него и нек ти збори како Гоце бил учител во бугарско училиште во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Тоа ќе те чини многу рејтинг. Ама, ти си знаеш кој е Љубчо, кој беше претходно и како стаса дотука, голем си.

Тоа што сега на ТВ е облечен во 2-3.000 евра, а претходно истиве муабети ги збореше со капутче од 100 денари, треба многу да ти каже.

Љубче ни е милионер, али увек ќе пaти што више не може да собере ни тројца на плоштад да ги забавља со демагогии. Проблемот е што сега те има тебе и се самоостварува преку тебе.

Како што реков – голем си“, напиша Јоци.