дома Македонија ЈОЦИ СО РЕАКЦИЈА НА ФЕЈСБУК: Сињорава, до толку е оcи лена да...

ЈОЦИ СО РЕАКЦИЈА НА ФЕЈСБУК: Сињорава, до толку е оcи лена да е во филм дека на мајка ѝ е институцијата

По бурниот ден, кој можеби всушност помина помирно отколку што се очекуваше, во кој Катица Јанева го даде долгоочекуваниот исказ за случајот „Реkет“ во Обвинителството за гонење на организиран кpиминал и коpупција, новинарката Јорданка Ивановска Јоци ги сумира случувањата:

„Да сумираме. Сињора Кејти Џен не е осомничена, за Русковска и Јовковски она е сведок, и покрај тоа што е директно инволвирана во (комуницира со ос омничен на СЈО на мобилен на притворениот Јовановски и му вели на Орце Камчев: сè ќе биде ок. И навистина сè беше ок, Камчев си доби пасош назад за некое време, а сега више никој не знае дали е во земјава).

И не само тоа. Не е осомничена, камоли притворена и за случајот,Поштенска банка, каде по нејзин налог замрзнува имот, но остава еден стан на Орце Николов, кој потоа го купува нејзин пријател за ниска цена, екс директорот на МЕПСО, Сашо Василевски (експресно разрешен по притворот на Боки 13 и оставката на Јанева).

Туку, таа денеска се појави рака под рака со Стеван Павлески, нарекувајќи го правен КОНСУЛТАНТ, иако човекот е адвокат на луѓе кои се осомничени токму од СЈО (на луѓе од другата страна). И токму тој, пред камери ја подучува да не дава изјави, не била на распит!?
Не знам можеби СЈО во меѓувреме станало приватна фирма!?

Сињорава, која за 4 години имаше Буџет од околу 10 милиони евра, не е више во его на народна поданичка која ја плаќаат даночни обврзници, можда до толку е оси лена да е во филм дека на мајка ѝ е институцијата, па она ќе бира како и што ќе објаснува на јавноста.

Како и да е. Поминаа 2 месеци, телефоните еве уште се вештачеле, сињора си го води СЈО уште, обвинителкине ги тресат до га ќи, а они си ќутат, не им текнува на оставки среде кошмар….