ЈСП пpoдoлжyвa со cкpaтeн caбoтeн вoзeн peд, нo ќe ce пyштaaт вoзилa cпopeд пoтpeбитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Jавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) ќе продолжи да вози по скратен саботен возен ред. Градските власти и покрај одлуката на Владата од среда сите да одат на работа и отворањето на градинките нема да го воведат зимскиот возен ред.

Сепак, од Градот велат дека ќе се адаптираат според потребите.

-Нема доволно патници по километар за да воведеме зимски возен ред. Во шпицовите секој ден додаваме автобуси во промет за да нема гужви. Но, мораме да ги имаме предвид економските аспекти на работењето на ЈСП. Не можеме да пуштиме празни автобуси да возат низ градот. Мораме да рационализираме, секоја линија да биде функционална и ниту еден крај во Скопје да не остане неповрзан – велат градските власти и додаваат дека доколку понатаму се зголемат гужвите ќе го зголемат по потреба бројот на автобуси.

Сепак, граѓаните не се задоволни од бројот на автобуси кои сообраќаат на линиите.

Патничка која се јави во редакцијата на весникот ВЕЧЕР вели дека линијата со број 33 додека се одеше на училиште функционирала до 23 часот, но дека откако се појави пандемијата со коронавирусот, наутро сообраќа од 6:15 часот до 15:05 часот.

– Тоа е сè, ако го испуштиш, нема друг, а има патници кои работат до 16:40 часот. Не сум само јас и други реагираат, бараме да се врати линијата со број 33 како што сообраќаше порано, со нормален возен ред – реагира патничката.

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов во изјава за новинарите истакна дека автобусите на ЈСП ќе продолжат да сообраќаат по скратен саботен возен ред, затоа што имало многу мал број патници кои го користат јавниот градски превоз.

-Само на неколку линии има зголемена фреквенција на граѓаните и тоа само во утринските периоди кога одат на работа, кога и го зголемуваме бројот на автобуси на дневна основа Во, моментов со вака редуциран возен ред правиме дневна загуба од околу 32.000 евра. Мора да водиме сметка и за материјалната состојба на ЈСП, но и за буџетот на Град Скопје, бидејќи оттаму се префрлаат средства за загубите на ЈСП – истакна Шилегов.

Toj додаде дека во наредниот период ќе се види дали ќе продолжи слабата фреквенција на патници или таа ќе се зголеми, по што ќе се бара оптимално решение кое како што потенцираше, пред се во интерес на здравјето на граѓаните.

-Во моментов може да се види дека во текот на денот не се користат автобусите со интензитет со кој порано се користеа – вели Шилегов.

Според скопскиот градоначалник , за повеќе од 40 милиони денари е падната продажбата на автобуските билети, што мора да се има во предвид.

-Нашите анализи покажуваат дневно по изминат километар во системот на јавниот транспорт на Град Скопје се превезуваат само 0,6 патници по изминат километар, а автобуската линија согласно со договорите се укинува ако има помалку од 2,5 превезени патници по еден километар. Значи ние свесно со четири пати помалку превезени патници ги одржуваме линиите, затоа што нам здравјето на граѓаните ни е пред се, информираше Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This