дома Македонија ЈСП со апел до сите корисници на јавниот превоз да се придржуваат...

ЈСП со апел до сите корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид-19

Апелираме до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид 19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска, стои во соопштението на ЈСП.

Тие велат дека единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи во предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот.

– Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, додаваат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.