дома Спорт ЈУВЕНТУС СО НОВ ДОГОВОР: Pаководството на Јувентус е спремно да му предложи...

ЈУВЕНТУС СО НОВ ДОГОВОР: Pаководството на Јувентус е спремно да му предложи нов договор на играчот за врска, Блас Матуиди

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Јувентус е спремно да му предложи нов договор на играчот за врска, Блас Матуиди.

Договорот на Французинот со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната, но тој е многу важен играч во тимот на Сари, па „бјанконерите“ се спремни да му понудат продолжување на соработката.

Клубот сака да го задржи 32-годишниот играч за врска и веќе започнал преговори со неговиот агент.

„Тутоспорт“, весник близок до Јувентус, пренесува дека италијанскиот клуб му понудил договор со пониска плата од актуелната (3,5 милиони евра), па сега се чека одговор од играчот.

Матуиди пристигна во Јувентус во 2017 година од ПСЖ и од тогаш има одиграно 114 меча за „старата дама“.

https://twitter.com/JuventusIndia/status/1222442409642151936