дома Македонија „ЈУДА ГО ПРЕДАДЕ ИСУС, ТИ ЈА ПРЕДАДЕ МАКЕДОНИЈА„

„ЈУДА ГО ПРЕДАДЕ ИСУС, ТИ ЈА ПРЕДАДЕ МАКЕДОНИЈА„

Не стивнуваат реакциите по насилното изгласување на Законот за јазици во Парламентот во Македонија. Зоран Заев, премиерот на Македонија имаше свое видео-обраќање за Законот за јазиците, во кое порача дека е дојдено време за реформи.

„Јуда го предаде Исус, ти ја предаде Македонија. Скапо ќе платиш, затоа што го измачуваш народот. Ти доаѓа крајот на тебе“, пишуваат граѓаните, коментирајќи на социјалните мрежи.

„Ти си персона нон грата во мајка Македонија. Ти си најомразената личност, ти не си човек, ти си лажго, криминалец, блудник, предавник…“, пишува во друг коментар.

„Ти направи мнозинството да се грѓани од втор ред во сопствената земја. Низ цела Европа секој си зборува на свој мајчин јазик. Дали во Франција, Англија, Германија на некој му е забрането да зборува арапски, шпански, индијски, но не видовме дека во тие земји е дозволено друг јазик да биде официјален“.