Јужна Кореја пред затворање: 81 отсто од населението вакцинирано, а Ковид-19 се шири побрзо од кога било

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Република Кореја, каде што уделот на ревакцинирани лица во вкупното население е дури 81 отсто, епидемијата на Ковид-19 се шири побрзо од кога било. Јужна Кореја, земја со речиси 52 милиони жители, постигна стапка на вакцинација од дури 81 отсто, но сепак забележа рекордни 7.662 нови случаи на инфекција во средата, пренесува РТС.

Епидемиолозите проценуваат дека тој број брзо би можел да скокне на 10.000, дури и 20.000, доколку властите не воведат построги мерки за ограничување на движењето.

Во капиталистичката држава Јужна Кореја, бројот на новозаразени се зголемува од почетокот на ноември, и покрај една од највисоките стапки на вакцинација во светот.

Сега се воведуваат непопуларни мерки, како ограничување на собири за најмногу четири лица кои се вакцинирани и скратување на работното време на угостителските објекти за време на новогодишните празници.

Се смета дека причините за растот на заболените се ширењето на делта варијантата на вирусот и одлуката на властите од почетокот на ноември да се вратат во нормален живот без ограничувања, со оглед на тоа што стапката на вакцинација достигна 70%. Се чини дека, епидемиолошки гледано, тоа беше (голем) неуспех. Таа прерана одлука беше и политички мотивирана, бидејќи Јужна Кореја води кампања за претседателските избори што треба да се одржат во март следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This