дома Балкан Јужноафриканскиот сој се појави на Балканот: Се шиpи брзо и напaѓa две...

Јужноафриканскиот сој се појави на Балканот: Се шиpи брзо и напaѓa две групи на луѓе

Првиот случај на јужноафриканскиот „бета“ вид на коронавирус, како што е именуван според новата класификација на СЗО, беше потврден пред два дена во Косово, кај пациент кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Приштина.

Оваа варијанта на вирусот се карактеризира со фактот дека тој се пренесува побрзо, а две групи на луѓе се изложени на зголемен ризик од заболување, сметаат експертите.

Веста за инфицирање на човек од Косово е потврдена на социјалната мрежа Фејсбук од тамошниот Национален институт за јавно здравје.

Јужноафриканската мутација има антигенска промена во посочениот регион на геномот и има карактеристика на побрзо ширење. Како и со оригиналната верзија, ризикот е најголем кај луѓе кои се постари или имаат тешки хронични здравствени состојби. Сепак, постои оправдан страв дека нема да ги заобиколи ниту младите, поради фактот што меѓу нив има најмал одговор на вакцинацијата – посочува епидемиолог, вирусолог и вакцинолог д-р Радмило Петровиќ.