дома Европа Јункер со фластер на лицето, кој не му бил повpеда од Тереза...

Јункер со фластер на лицето, кој не му бил повpеда од Тереза Меј, туку е од бричењето

Претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер, се појави со фластер на лицето на прес конференцијата по средбата со британската премиерка Тереза Меј.

Претседателот на Европската Комисија, по средбата со британската премиерка Тереза Меј мораше да им објасни на новинарите дека фластерот на лицето не му е повреда од средбата со неа, туку дека се исекол утрово додека се бричел.

Тој во негов стил рече дека не смее да се протолкува дека фластерот го носи поради повреда што му ја направила Меј.

Денеска британската премиерка се обидуваше да најде решение од ќорсокакот во кој се најде откако Парламентот одби да го прифати нејзиниот план за излез од Европката Унија , а рокот за Брегзит со усвоен договор е 31 март.