дома Занимливости Јупитер eмитиpa peнтгeнcки зpaци: Штo cтoи зaд oвaa пojaвa?

Јупитер eмитиpa peнтгeнcки зpaци: Штo cтoи зaд oвaa пojaвa?

Јупитер ги има најмоќните аурори во Сончевиот систем и е единствената од четирите гигантски планети со аурора за која е откриено дека испушта рендгенски зраци, објаснува Наса во својата последна објава на Инстаграм.

Планетарните астрономи досега сметале дека аурорите се активираат од јони кои се удираат во атмосферата на Јупитер. Но, најновите сознанија велат дека јоните одговорни за рентгенското светло можат да влезат во атмосферата.

Заклучокот е дека рентгенските аурори на Јупитер се предизвикани од јоните кои „сурфаат“ на електромагнетските бранови.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.