дома Македонија „Јутарњи лист“: Ако Македонците тврдат дека се тоа што се – ништо...

„Јутарњи лист“: Ако Македонците тврдат дека се тоа што се – ништо од ЕУ

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ ја анализира новата, бугарска пречка за евроинтеграцијата на Македонија, која како услов го поставува откажувањето на Македонците од тоа што се.

„Маките по Македонија (Северна Македонија) продолжуваат. Тамам кога се чинеше дека им дојде крајот на патилата по две и нешто повеќе децении спор со Грција околу името на државата, што ги кочеше во евроатлантските интеграции, сега веќе од друга соседна држава – Бугарија – им се закануваат дека ќе ги блокираат нивните преговори со ЕУ ако инсистираат на својот, различен од бугарскиот, етнички, културен, историски и јазичен идентитет. Ако тврдат дека се тоа што се – ништо од ЕУ“, констатира „Јутарњи“ во воведот од анализата насловена „По 20 години патила со Грците, на Македонците сега им стигна нов студен туш: ‘Блокада’!“.