дома Македонија „Јутјуб“ брише профили со песни означени како „македонски” (macedonian)

„Јутјуб“ брише профили со песни означени како „македонски” (macedonian)

Најпополарниот видео сервис на интернет започна да брише профили кои објавуваат песни во кои што во насловот или во таговите го има зборот македонски или macedonian.

Според „Јутјуб“ причина за бришењето на прифили кои објавуваат македонските песни е пријава за авторски права од голем број корисници на видео сервисот.

Предходно грчката дијаспора најави дека согласно преспанскиот договор ќе бара од сите сервис провајдери на интернет да ги брише материјалите во кои корисници од земјава го користат зборот „македонски“.

Некои од песните како „Бисер Балкански“ имаат по десетина милиони прегледи, а авторите се починати што укажува на можност дека не се работи за класичен авторски спор туку за политичка акција врз база на Преспанскиот договор.

извор: Експрес.мк