дома Социјални Мрежи ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ: Заев никогаш не се осмели да го изусти она на...

ЉУБОМИР ЦУЦУЛОВСКИ: Заев никогаш не се осмели да го изусти она на кое гласно потсети Алексис Ципрас, бидејќи за Заев недостојно било да се биде патриот!

НЕСПОРЕДЛИВИ РАЗЛИКИ. За разлика од Заев, Алексис Ципрас (Грк по потекло!) без каков било комплекс ја спомна Граѓанската војна во Грција (1946-1949) во која заедно се бореа македонските и грчките партизани/комунисти; бегалците од Војната; недоличното однесување на грчакта држава кон Македонците во 1983 година, кога не го дозволи враќањето на имотите;

Словарот/Букварот на (славо)македонски јазик; ги потсети сегашните грчки комунисти дека некогаш заедно, раме до раме, се бореле со Македонците; ги потсети на Мирка Гинова… За разлика од него, Заев никогаш не се осмели, ниту ќе се осмели, било што да изусти од она на кое гласно постети Алексис Ципрас, бидејќи за Заев недостојно било да се биде патриот. За разлика од Ципрас, Шарените го испоганија едно од обележјата (на Порта Македонија) посветено на децата бегалци.

Тогаш, како е можно да се направи било каква споредба меѓу Заев и Алексис Ципрас, бидејќи се работи за неспоредливи величини? Излегува дека поголема почит кон Македонците и кон нивната историја, имаат некои немакедонци од некои Македонци. Меѓутоа, признанието на Ципрас, колку и да е достојно за почит, не може да биде оправдување или прифаќање на Преспанскиот договор. Сепак, тоа мора да се нагласи, бидејќи Ципрас кажа многу повеќе за Македонците од многу Македонци по етничко потекло.