Љубчо Георгиевски го претстави планот на Заев за обезличување на Македонија – обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев преку неговиот коалиционен партнер, Љубчо Георгиевски го соопшти неговиот практично мастер план за идентитетско обезличување во кој Македонија и граѓаните треба да откажат од историјата, јазикот и постоењето на континуитет на македонската нација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за акцискиот план кој што јавно вчера  го истакна поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Арсовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој мастер план за идентитетско обезличување, кој Заев се обидува да го спроведе.

– За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да се согласи владата дека македонскиот јазик бил всушност бил бугарски, дека тој бил јазикот на коресподенција на македонските револуционери. Неприфатливо е да се согласиме според тезата на Заев, пуштена преку Љубчо Георгиевски дека македонска нација е новосоздадена, рече Арсовски.

Тој потенцираше дека ова се опасни тези кои нанесуваат штета на националните и државни интереси и срамно е што не чувме никаква осуда од страна на Зоран Заев, на владата и на сите останати од СДСМ на овие изнесени тези.

– Штом молчат значи ги одобруваат и тие ги поттикнуваа. Ги повикуваме Заев и владата да се оградат од ова, доколку за нив ова не е прифатливо, во спротивно доколку не го сторат тоа ќе сметаме дека сето ова е дел од мастер план за идентитетско обезличување.

Арсовски нагласи дека ова е предавничка политика на  Зоран Заев и сите приврзоци околу него која ја спроведуваат во континуитет изминативе години

– Најпредавничката политика која може воопшто да се сервира на македонскиот народ. На ваквите политичари не само што им доаѓа крајот, туку одат во историја и таму им е местото. Нивното мислење не треба да се зема сериозно од едноставна причина затоа што тие промовираат единствено предавничка политика, потенцира Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This