March 28, 2024, 11:29 am

Љупчо Пренџов: “Hиe cмe Maкeдoнци oд Република Македонија”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната емисија на Канал 5, “Само вистина”, гостуваше пратеникот на ГРОМ, Лупчо Пренџов, каде ги коментираше односите помеѓу Бугарија и Македонија и бугарските барања за откажување од македонскиот национален идентитет и јазик. Според него ова што се случува е срамота, срамота е да се дебатира матен лик како што е Борисов за македонската историја.

– “Ќе бидам многу искрен. Чувствувам јад во душата и пред се срам. Срам што како пратеник во собранието на Република Македонија во 21 век, во слободна, суверена и независна држава Република Македонија, седам на дебатна емисија и разговарам дали ние сме македонци и дали Гоце Делчев е македонец. Тоа е срамота.
Како ги отвараме ние прашањата така се јавуваат и дилемите. Ние како да неможеме сами на себе да си докажеме, кога ќе видиме кој ни е нас противник, односно кој тоа се го бара, а тоа е Бојко Борисов, премиерот на Бугарија. Кога ќе му го видите неговото минато портфолио и како од градоначалник на Софија преку МВР стана премиер, сите тие сомнителни работи кои ги направил, и сега човек од таков калибар ви поставува тема во Република Македонија, во која што вие меѓу себе ќе одговарате дали сте македонци, дали треба да се попушти. Не! Ние сме Македонци од Република Македонија, Гоце Делчев и останатите револуционери се македонци” – Тврди Пренџов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This