дома Македонија Љупчо Ристовски: Погубна е тезата да очекуваме дека Македонија ќе ја биде...

Љупчо Ристовски: Погубна е тезата да очекуваме дека Македонија ќе ја биде само ако стане дел од ЕУ и НАТО

Видеото од брилијатното гостување на професорот Ристовски во емисијата 360 на телевизија Алсат  пред речиси два месеци се уште е актуелно на социјалните мрежи поради аргументираниот настап на професорот со издржани тези. Професорот Љупчо Ристовски доктор на политички науки и доктор на теологија истакна дека македонската влада не го доби мандатот за да решава само едно прашање , мислејќи уште тогаш на прашањето за промена на името на Македонија. Тој напомена дека страотно, погубна е тезата дека единствениот спас на Македонија е членството во ЕУ и НАТО.

-Владата не доби мандат да решава само едно прашање и 20 министри да седат поради тоа  прашање. Владата доби мандат за да го подобри животот на граѓаните, патем и да се обиде да ги реши сите горливи спорни прашања кои што и тежат. И трето страотно, погубна е тезата да очекуваме дека овој народ ќе го биде или не ако влезе во НАТО или ако почне преговори со ЕУ. Ако Израел така размислуваше тие ќе беа во неврат уште многу одамна. Не е нож под грло, не смееме да го плашиме народот дека ако не влеземе во НАТО сега во јули или ако не почнеме преговори со ЕУ, готово е нема да не биде, вели тој.

Професорот Ристовски заклучи дека има голем број други решенија, до кои може да се стигне доколку се консултираат со умни луѓе. Преголема е цената која македонскиот народ треба да ја плати, скршениот дух и достоинство на македонскиот народ со цел влез во ЕУ и НАТО е премногу.

-Не е точно има безброј латерални  решенија, ако малку само размислат и ако малку само се консултираат или советуваат со умни луѓе ќе ги најдат тие латерални решенија. Има латерални решенија. Не можеме ние по цена на скршен дух на македонската нација, по цена на скршено достоинство на македонските индивидуии и граѓани кои што се чувствуваат етнички Македонци да влеземе ние во НАТО, да влеземе ние во ЕУ. Па така ќе направиме поголема штета од било што. И трето ние сме опстоиле во турско, петстотини години не газеле, не палеле, не уништувале, па сме опстоиле и сме се задржале такви како што сме. 100 години српско не владеело овде, не газела српска чизма па сме имале трауми и не знам што. Значи ние ќе опстоиме не е прашањето дали ќе не биде или нема да не биде, ние покажавме виталност како држава, па и како нација и како граѓани на оваа територија уште во 2001 после конфликтот, умеевме да направиме клучни компромиси, ние и сега правиме клучни компромиси и дома и надвор, заклучи професорот.