дома Занимливости ЌЕРКАТА НА ТАЊА И ПРЕДРАГ ИЗРАСНА ВО ВИСТИНСКА УБАВИЦА !

ЌЕРКАТА НА ТАЊА И ПРЕДРАГ ИЗРАСНА ВО ВИСТИНСКА УБАВИЦА !

Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски се во брак 23 години. Шармантната актерка која е миленичка на народот поради својата духовитост и непосредност ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи.

Таа неодамна објави слика од нивната ќерка, Нела. „Вистинска убавица“, се коментарите под фотографијата на ќерката на актерската двојка.

„ Александар има 28 години, а Нела има 22. Александар заврши факултет за туризам, а Нела тргна по стапките на своите родители и е студент на ФДУ. Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, изјави Тања за своите деца во едно неодамнешно интервју за Женски магазин.

За запознавањето со Предраг уште одамна во едно интервју изјави:

“Со Тања се знаеме уште од факултет. Чисто колегијално. Нашето познанство не беше ништо посебно. Во 1993 година, кога дојдов во Театарот за деца и младинци, симпатичната колешка Тања веќе беше таму. Некако набрзина се најдовме и мислам дека уште првата вечер ја побарав за жена. Сега се прашувам кој знае дали требаше така?”, вели на шега Предраг, но признава дека кога ја запознал Тања таа била на врвот на популарноста, зошто, освен како актерка таа е врвна пејачка, но и е ќерка на познати родители.