дома Македонија ЌЕ БАРА ПОДДРШКА ОД ПУТИН И ЏИНПИНГ: Трамп ќе се консултира со...

ЌЕ БАРА ПОДДРШКА ОД ПУТИН И ЏИНПИНГ: Трамп ќе се консултира со Русија и Кина што да прави со Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека најверојатно ќе разговара за венецуелската kpиза со претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг.

-Најверојатно ќе разговараме во одреден момент. Ќе разговарам со многу луѓе, можеби со претседателот Путин, можеби со кинескиот претседател Си, рече Трамп.

Американскиот претседател се огласи откако Белата куќа ги пpeдупреди Русија и другите земји што го поддржуваат претседателот Николас Мадуро, да не испраќаат вojници и вoeна опрема во Венецуела.

Кремљ вчера го одби барањето на Трамп, Русија да се повлече од Венецуела, објаснувајќи дека руските акции се легални и во согласност со договорот што Москва го има со легитимната влада на таа земја.

Трамп претходно ја повика Русија да се повлече од Венецуела и истакна дека, за остварување на таа цел, „сите опции се отворени”