дома Македонија „ЌЕ БИДЕ ВЕСЕЛО“: Половина од продадените билети за Македонија – Косово завршија...

„ЌЕ БИДЕ ВЕСЕЛО“: Половина од продадените билети за Македонија – Косово завршија кај Албанци

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) утрово ги пушти во продажба влезниците за историскиот меч на Македонија против Косово во плејофот во Лигата на нации за пласман на Евро 2020.

На билетарата на Националната арена „Тоше Проески“ цел ден има редица, а речиси половина од досега продадените картите ги купија Албанци, јавува „Спорт 1“.

Според порталот ако се суди по првиот ден од продажбата, Македонија можно е да нема навивачка надмоќ на трибините, а очигледно на сите стратегии кои се „коваа“ во куќата на фудбалот, на крај ниту една нема да излезе, особено во делот на безбедност ако на трибините избувне некаков инцидент, зашто тешко е да се поверува дека сите навивачи од албанска националност што денеска дојдоа и купија билет, баш ќе навиваат за Македонија.

Целиот текст на Спорт1