дома Русија Ќе биде ли доживотeн претседател?: Изгласан закон кoj му овозможува на Путин...

Ќе биде ли доживотeн претседател?: Изгласан закон кoj му овозможува на Путин да остане на власт до 2036

Пратениците на руската Дума гласале за законот со кој се предвидува на претседателот Владимир Путин да му дозволува да остане на оваа функција уште два мандати.

Доколку законот добие поддршка и во горниот дел на рускиот парламент, Путин би можел да остане на власт до 2036 година.

Путин е на власт во Русија веќе 20 години, предложи промени како дел од уставните реформи кои Русите ги поддржале на референдумот минатата година.

Нацрт законите кои пратениците ги одобриле, му овозможува на Путин повторно да се кандидира на претседателските избори во 2024 година.

Горниот дел на Парламентот треба да ги разгледа овие уставни измени, а се очекува дека ако бидат усвоени, Путин да ги потпише.