дома Храна ЌЕ БИДЕ МЕКО КАКО ПУТЕР И ДО 5 ДЕНА: Секое тесто премачкајте...

ЌЕ БИДЕ МЕКО КАКО ПУТЕР И ДО 5 ДЕНА: Секое тесто премачкајте го со ова пред печење

Ништо не нè привлекува како свежо испеченото домашно тесто! Ретко кој може да одолее на меки кифлички, полнети полжави или мирисна погача со крцкава кора и средина мека како памук.

Што и да правите, ретко кога веднаш сè се јаде и обично останува печивото кое после неколку часови стврднува.

Има и такви печива кои веќе следниот ден го губат вкусот и мирисот, се стврднуваат и не се ни одблиску она што биле кога тазе сте ги извадиле од рерната.

Тоа се случува така, главно поради состојките кои се ставаат во тестото, а кои по ладењето го стегаат печивото.

Меѓутоа, и за ова има решение – едноставно, пред печењето премачкајте го тестото со путер!

За уште подобар вкус, погачите и печивата премачкајте ги двапати со путер, а помеѓу два слоја со помош на четка премачкајте ги со изматено јајце.

Кога правите посен леб или печива, насекаде распоредите мали коцкички маргарин, па ставете да се пече. Во рерната ќе се растопат, а вашето тесто ќе биде неверојатно меко, колку долго и да стои.