дома Македонија ЌЕ БИДЕ, ПА МАКАР И НА СИЛА: „ТHТ“ продолжува утре, Трајковски ќе...

ЌЕ БИДЕ, ПА МАКАР И НА СИЛА: „ТHТ“ продолжува утре, Трајковски ќе биде донесен со полиција

Случајот ТНТ и официјално почна од почеток.

Судијата Огнен Ставрев најави дека случајот се враќа од почеток со нови поротници. На денешното рочиште единствено не е присутен поранешниот градоначалник Тони Трајковски.

Неговиот адвокат рече дека преку неговата сопруга бил известен дека не добил уредна покана. На тоа се спротистави cyдијата, кој убедуваше дека курир дошол во неговиот дом, но оти никој не му отворил. Затоа судијата нареди Трајковски утре да биде стражарно доведен во судот.